Концерт на камерниот оркестар при битолскиот Центар за култура

НУ Центар за култура-Битола денеска го најави првиот концерт на камерниот оркестар кој од годинава почна да работи во состав на таа национална установа …

dom-na-kultura-bitola

Според директорот на битолскиот Центар за култура, Борче Димитровски првиот концерт ќе биде посветен на италијански канцонети под наслов „О соле мио“ со што и формално почнуваат јавните настапи на камерниот оркестар кој ќе работи под патронство на националната установа.

– Министерството за култура ја препозна потребата за институционално функционирање на овој оркестар во Битола и работата на камерниот оркестар во целост е поддржана. На 16 март ќе биде изведена атрактивна програма, концертот ќе се одвива под диригентство на Борис Спасов, еминентен бугарски диригент кој работи во Националниот балет во Софија, а концерт мајстор ќе биде Владимир Костов од Македонската филхармонија.

Солисти на првиот концерт од ваков тип се Цветан Стојановски, Олгица Милевска, Маја Митровска и Нико Ѓоргиевски, истакна директорот Димитровски.

Во текот на 2014 година планирани се 4 концерти на битолскиот камерен оркестар и 2 концерти во други градови. Во камерниот оркестар членуваат музичари професионалци, но и студенти од кои се очекува поставување на оркестарот на цврсти основи.

– Овој проект е исклучително значаен за нашата установа бидејќи музичко-сценската дејност е една од основните во нашето работење и со оваа одлука се добива високо квалитетна содржина која ќе се надополни со фестивалите и другите програми што ги реализираме, посочи Димитровски на денешната прес конференција.

You May Also Like