Вечерва (сабота, 6 април) со почеток во 22:00 часот во клубот Wire во Куманово, во соработка со OffPop ќе може да го проследите post-rock/experimental бендот од Атина, Грција – Afformance.
Afformance се имаат оформено во 2005 г. Оттогаш се појавиле на бројни живи настапи во Грција, но и во Швајцарија и Турција (често како поддршка на бендови како што се Grails, Jeniferever, Maybeshewill итн.), како и на мини турнеја со пријателскиот бенд Nechayevschina и со веќе издадоа нивно, а сега веќе распродадено – деби издание насловено „A Glimpse To The Days That Pass“, со позитивни критики, излезено во 500 примероци рачно насликани/нумерирани.
Сега инструменталните пост рокери/алтернативци од Afformance ставаат крај на нивната кратка пауза, гордо прославувајќи го своето враќање со две нови изданија кои ќе бидат достапни за време на нивната европска турнеја во март-април: 12″ EP во кое се вклучени музичките нумери од танцувачкиот/тетарски проект „The Place“ и дигиталното издание со досега необјавени постари песни и ремикси. Истовремено тие постојано работат на нивниот втор долгосвиречки албум кој планираат да го објават некаде во 2013 г.
Со силна намера за хармонични музички содржини и со богато искуство од претходниот нивен материјал, со нов директен музички пристап и свеж апетит да го претстават нивниот нов материјал пред старите и новите пријатели, Afformance се враќаат уште покреативни и поактивни од кога и да било.
Како дел од нивната европска турнеја, веднаш по настапот на dunk!festival во Белгија и настап со бендови како pg.lost, Heirs, I Like Trains, Balmorea, Dorena, Syndrome, концерт и во клубот Wire, Куманово.
+++
experimental/psychedelic dj sets by Martchin and Jane Altiparmakov
visualisations by Leni Von Geleva
Влезот ќе ве чини 100 денари.