Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја организираше култната театарска претстава „Македонска крвава свадба“. Претставата во просториите на КУД „Владо Тасевски“, ја играа талентираните млади актери-аматери од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Во просториите на КУД „Владо Тасевски“ синоќа се одржа премиерата на “Македонска крвава свадба”, во изведба на млади актери аматери од УМС .
-Македонска крвава свадба е претстава, која низ нејзината изведба ни говори за страдањата на македонскиот народ, во оние години кога на нашите предци им било најтешко, но сепак опстоеле и ја задржале својата чест и честа на своите семејства. Ние како Унија на млади сили сме должни да ги промовираме културните и историските вредности на оваа држава. На оваа држава сме должни да и возвратиме со тоа што ќе ја славиме и негуваме и сето она кое го правеле и жртвувале нашите предци, истакна претседателот на Градскиот комитет на УМС, Лука Кржаловски.
Кржаловски искажа задоволство за соработката со младите актери-аматери кои настапија во претстава и подвлече дека заложбата за зачувување на културно-историските вредности од страна на младите, треба да биде пример за сите останати луѓе без разлика на национална, верска и етничка припадност, за сите оние на кои им значи историјата на Македонија.