ВИДЕО: Дарко Илиевски и Магдалена Цветкоска со спот за „Пепел“

Вчера, во кафе Бариста, се собраа сите оние кои љубопитно чекаа да го погледнат новиот спот на Дарко Илиевски и Магдалена Цветкоска за дуетската тема „Пепел“.

На овој настан освен претставниците на медиумите, можеа да се забелажат многу естрадни имиња меѓу кои и Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, Ристе Тевдовски, Кристијан Тодоровски Кико, освен колегите, тука беа и неколку јавни личности, Велимир Џаровски Џаро, Мики Црнокрак, како и многу други пријатели и подржувачи на кариерата на Дарко и Магдалена.

Режисерскиот двоец, Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска, навистина создале еден видео запис полн со живот, овозможувајќи им на сите статисти, како и на целиот тим кој беше вклучен во снимањето на овој спот, одлична забава и ноќ за паметење.

Темата Пепел е дел од првиот  албум на Дарко Илиевски Алтерего, музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска.

You May Also Like