Петре Димовски добитник на книжевната награда „Вермилион“

Издавачката куќа за деца и млади „Вермилион“ по повод 2 април, роденденот на познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, кој во светски рамки се одбележува како Меѓународен ден на литературата за деца, ја доделува наградата за необјавен ракопис за деца и млади. Жирито едногласно одлучи наградата Вермилион за 2014 година да му ја додели на текстот со наслов „Магда Лена“ од Петре Димовски.

petre_dimovski

Жирито едногласно одлучи наградата Вермилион за 2014 година да му ја додели на текстот со наслов „Магда Лена“ од Петре Димовски. Во делото на Димовски, „солидно е доловена детската психологија и емоционалност за неколку ’тешки’ животни искушенија и загуби и тоа е можеби најзначајниот аспект на овој роман, се разбира дека квалитетот и на другите нивоа не изостанува“, истакнува м-р Трајче Стамески. Награденото делото може да го очекувате во книжарниците кон крајот на годината.

Петре Димовски досега објавил повеќе од 20 дела, романи, збирки раскази и монодрами. Покрај за деца и млади, создава и за возрасни. За своето литературно творештво досега има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои е и наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2008 година. Го приредил и изборот од македонскиот расказ за деца за проектот „Македонска книжевност”. Живее и твори во Битола.

Издавачката куќа „Вермилион“ е посветена на промовирање литература за деца и млади, во превод и од домашни автори, која поттикнува меѓународно разбирање и ширење на вредностите на културата за мир. Сите изданија на „Вермилион“ се печатат на рециклирана хартијa.

You May Also Like