Во сабота (4 мај, 2013 година) во спортската сала Млаз, во Богданци, со почеток во 18:00 часот ќе се одржи првиот самостоен концерт на фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од овој град на југот на Македонија.
Првиот самостоен концерт претставува производ и плод на досегашната напорна работа како фолкорен ансамбл за традиционална музика и игра. Ансамблот „Мегдан“ на 04.05.2013 година, ќе понуди едно целосно фолкорно задоволство и кратка програма со различна содржина, презентирана од 4 групи.
Фолклорот е богатство, а ние сме негови амбасадори, велат организаторите.