Времен сообраќаен режим во Скопје

Градот Скопје, ги известува граѓаните, дека во текот на денешниот ден (01 Мај 2013 година ,среда),  ќе има целосен прекин на сообраќајот на крак од булевар „Србија“, на приодот од фабрика „Усје“ кон крстосница со булевар „Борис Трајковски“ ( поранешна Првомајска).

Сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот крак на излез од фабриката „Усје“ кон крстосницата со булевар  „Борис Трајковски“. Прекинот на сообраќајот ќе трае во период од 10:30 до 15:00 часот

За време на изменетиот режим на сообраќај, се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим и да ја почитуваат поставената сигнализација.

You May Also Like