„Хофмановите приказни“ за отворањето на МОВ

На 9 мај со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе уживате со премиера на операта „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах. Со премиерата свечено ќе бидат отворени 41 по ред  „Мајски оперски вечери“.

Хофманови приказни е опера напишана од Жак Офенбах .  Либретото на француски јазик  е напишано од страна на Жил Барбиер  и базирано е врз три кратки приказни напишани од страна Е.Т.А.Хофман. Како  главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер  и  Мишел Кери претходно имаат напишано претстава Хофманови приказни, која била продуцирана во театараот Одеон во Париз во 1851 година и која Офенбах ја има гледано.

Диригент на претставата ќе биде Најден Тодоров од Бугарија, во режија на Урсула Хорнер од Австрија, сценографија Марија Ветероска, костими на Марија Пупучевска,  кореографија на Олга Панго и концерт мајстор Климент Тодороски.
Во улогата на Хофман ќе настапи тенорот Микаел Спадачини од Белгија, мецосопранот Ирена Кавкалевска ќе ја видиме во улогата на Никлаус, сопранот Наде Талевска како Олимпија, сопранот Олгица Милевска како Џулиета, сопранот Билјана Талевска – Јосифов ќе настапи во улогата на Антонија, улогите на Линдорф, Копелиус, Дапертуто и д-р. Миракл ќе ги толкува баритонот Ернес Ибраимовски.

You May Also Like