Филмски работилници за најмладите

Вчера, (среда, 6 ноември) во џепното кино на Младинскиот културен центар се одржаа забавни, креативни и едукативни работилници во кои учествуваа и учениците кои се натпреваруваа на „Џуниор мобил филм фестивал“. Работилниците беа во организација на Третиот интернационален „Мобил Фестивал 2012“.


На еден забавен начин, учениците се запознаа со новите технолошки изуми, како што се мобилни телефони со вградени камери и како тие го менуваат или олеснуваат процесот на  создавање на филмови. Работилниците беа  водени од филмски педагози, редовни професори при Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Тие своето долгогодишно искуство им го пренесоа на децата, преку интересни предавања, адаптирани за нивната возраст. Децата зедоа активно учество на предавањата и научија за основите на продукција, камера, драматургија и анимација.

You May Also Like