Денеска (13 јули, недела) во 12:00 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола ќе бидат одбележани 70 години од постоењето на организацијата на жени на Битола.
Организацијата на жени на општина Битола-Битола е основана на 17.10.1944 година од страна на тогашни активистки во Антифашистичкиот фронт на жените, во Ротинската планина, во време кога окупаторот сеуште ја немал напуштено територијата со која војувал полни четири години. Целокупната држава била во основање, а со неа заедно и женскиот отпор кој уште тогаш почнал да се основа. До 1991 година, Организацијата работи во склоп на тогашниот Социјалистички сојуз на работниот народ.
Денешната Отганизација на жени на Општина Битола-Битола е директен потомок на АФЖ, но во сите овие години на постоење трансформирана во склад со општеството во кое дејствувала и во склад со законските регулативи. Го менувала името, но не и целта. И понатаму, како и во своите почетоци, Организацијата на жени во своите први членови на Статутот ја поставува жената на централно место, како столб на семејството, третирајќи ги сите нејзини проблеми во домот , на работното место и надвор од тоа.
Од 1991 година, Организацијата на жени дејствува самостојно, како невладина, непартиска, непрофитна организација, а со најновите закоски регулативи од 2011 година таа е Здружение на граѓани, кое се грижи за местото и улогата на жената во општеството, влез на жената во политиката, децата и нивните проблеми, семејството како клетка на општеството, невработеноста кајжената и ред проблеми кои се поврзани на директен или индиректен начин со жената.
Денес, организацијата на жени има активности од се поголем обем:
-Во 1995 година поделени се 25 тони хуманитарна помош на 600 социјално загрозени семејства во Битола од страна на хуманитарните организации KRIK I EQUILIBRE од Италија
-Во напливот на плурализмот во нашата држава, веднаш после нејзиното осамостојување, Организацијата на жени беше дел од Македонското женско лоби, преку кое се поттикнуваше жената за поголем влез во политиката. Во тој склоп, наша членка беше дел од Меѓународната конференција на жени во Берлин, во 2003 година.
-Во 2004 и 2005 година беше спроведен проектот „Батали дрога-гледај живот“ во сите основни и средни училишта во нашиот град. Беа собрани податоци од околу 600 ученици за нивната запознаеност со дрогата.
-Во 1999 година Организацијата на жени ја востанови ревијалната изложба на торти „Битолски слатки филиграни“, која традиционално се одржува секоја година на христијанскиот празник Благовестие
-Во 2011 година беше спроведен проектот „(Не)Здравата исхрана кај училишните деца и поврзаноста со шеќерната болест“. Се добија податоци од анкета на 350 ученици за навиките во исхраната.
-Веќе четири години,се спроведува проектот „Помош на стари лица во домашни услови“
-Помош при оснивање на Организации на жени во Општина Могила и Општина Новаци
-Секоја година по два пати, традиционално се одржува продажба на слатко-солени производи, направени од страна на членките на Организацијата. Средствата се наменуваат за семејства каде е неопходна помош.
-Веќе три пати со ред, Организацијата прави собирни акции на алишта за новороденчиња и истите ги донира во неонатолошкото одделение во Болницата во Битола.
-Активна соработка со сите градинки, Основни училишта, Средни училишта, старски домови, Домот за деца без родителска грижа, Центарот за социјални грижи.
-Учествуваме на семинари, обуки и активности кои ги спроведуваат надворешни и домашни асоцијации.
-Активен член сме на основачката група на ЛАГ-от за Битола, Демир Хисар, Могила и Новаци.
-Активна соработка со комисиите, Советот и Градоначалникот на Општина Битола.
Накратко, организацијата на жени е застапена секогаш и секаде.