Спортска манифестација за безбедни училишта

Вчера (среда, 7 ноември) во  средното училиште на Град Скопје „8 Септември“ се одржа спортски настан  во повеќе спортски дисциплини и игри, во кој  учествуваа  над 120 средношколци од шест училишта, чијашто  главна цел не беше победата  туку фер-плеј однесувањето, помагањето и дружењето.

Градот Скопје е една од деветте општини потписници на Меморандумот за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје за реализација на проектот „Безбедни училишта-Хармонични средини“  којшто е поддржан од МОН и од МВР. Проектот е дизајниран со цел да се подржат сите засегнати страни, министерствата, локалните самоуправи и училиштата во градењето на безбедноста преку воспоставување  одржливи партнерстава меѓу нив. Деветте избрани општини креираа модел на безбедни училишта, поддржан од локалните совети за превенција и советите на општините, во којшто се содржани стратегии и насоки за постапување при соочување со училишното насилство.
Шест средни училишта на Градот Скопје од општините Гази Баба и Бутел, како учесници во овој проект во изминатите месеци активно работеа на зајакнување на  интер-етничката толеранција меѓу учениците, на промоција на хумани вредности, преземаа акции за реално идентификување на проблемите во своите микро средини и трагаа по ефикасни одговори за зајакнување на довербата и соработката меѓу средношколците.

You May Also Like