Петар Темелковски е седмиот по ред добитник на годинешната награда „Петре Прличко“ за животно дело, која ја доделуваат Општина Велес, здружението на актери „Џинот“ и велешкиот театар.
Одлуката ја донесе жири-комисијата која ја сочинуваат Јордан Витанов, Маја Љутков и Ѕвездана Ангеловска, посочувајќи дека Темелковски имал храброст да истрае 40 години на сцената.
Петар Темелковски, досега има одиграно 70-ина главни и централни ролји во театарот и четири филмски улоги. Моментално настапува во претставата „Јустинијан Први“.
Досегашни добитници на наградата „Петре Прличко“ се актерите: Благоја Спирковски -Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски и Борис Чоревски