Утре (13 февруари, среда) од 17-19 часот во книжарницата „Или-Или“, читателите ќе можат да се сретнат и поразговараат со Лидија Димковска, добитничка на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за нејзиниот извонреден роман „Резервен живот“.
Авторката ќе ги потпишува и примероците од наградениот роман.
Претседателката на жирито за наградата за најдобро прозно дело Анастасија Ѓурчинова во образложението истакна дека романот на Лидија Димковска „Резервен живот“ се издвоил „со оригиналноста на темата и успешноста во нејзиниот третман, донесувајќи една необична и силна нарација, со суптилни лирски пасажи, но и продлабочен психолошки засек во материјата“.