Филмска ревија „Визуелна антропологија“ во Битола

Во рамките на изборот на етнолошки документарни филмови „Визуелна антропологија“ денеска (вторник, 1 јули) во 19:00 часот во Магазата ќе биде прикажан израелскиот филм „Амер го доби својот пиштол“.

Kamera_Film_1

 

Амер го доби својот пиштол, 58 мин. Израел. 2012, Режија Наоми Левари, Сар Јогев. Амер Абу Риа само што не стапил во војска. Спротивно на повеќето 19- годишници во Израел за кои служењето во војска е задолжително, Амер е изземен од служењето војска под претпоставка дека неговото служење во војска може да го загрози израелското општество.

Проектот е подготвен од Н.У. Завод и музеј Битола, Музеј на Македонија, Дебатно кино Контра кадар и Бит Фест, а организатор е: Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос-советник во Н.У. Завод и музеј Битола.

You May Also Like