Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ вечерва (петок, 26 август 2011 година) со почеток во 19:15 часот во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе оствари билатерална средба со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија Н.Е. Роберт Кирнаг.
По билатералната средба, ќе следи потпишување на Спогодба за соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Словачка.
Потпишувањето на спогодбата е со цел да се регулираат и да се зацврстат пријателските врски и заемното разбирање меѓу двете земји, како и подобро запознавање на двете култури.
Заменик-министерот за култура Недељковиќ и амбасадорот на Република Словачка Кирнег, по официјалниот дел ќе присуствуваат на Македонско-Словачката поетска вечер.