Кратово доби мултимедијален центар

Старото кино во Домот на културата „Д-р Лазар Софијанов“ во Кратово, по обновата и реконструкцијата прерасна во мултимедијален центар. Вчера (среда, 13 март) го промовираа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Кратово Мите Андоновски.

 

Обновата на старото и руинирано кино траеше две години, на иницијатива на кратовчани, преку проектот Форуми на заедниците.

Објектот има 225 седишта. Општината во него вложи 7 милиони денари, 2,4 милиони се од Швајцарската агенција за соработка и развој, а 2 милиона денари од Министерството за култура. Целосно ќе биде завршен во втората фаза, кога ќе се доуреди просторот под сцената и ќе се додадат уште 50 седишта на балконот.

Во новиот центар, кој има повеќефункционална намена, граѓаните ќе можат да проследат театарски претстави, концерти, фестивали и други културни манифестации, содржини кои ќе бидат атрактивна понуда за сите посетители.

 

 

You May Also Like