Со промоција на поетската книга „Вевчаница“ на Миљурко Вукадиновиќ од Белград, Република Србија, ќе започне втората меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“-2014 која се одржува во Струга.
Промоцијата ќе се одржи на 03 јули 2014 (четврток) година во 18:00 часот во црквата свети Никола во Вевчани. Промотори на книгата се Мишо Китаноски и Христо Петрески.
На 04 јули (петок) во 12:00 часот во Центарот за култура „Браќа Mиладиновци“ ќе биде отворена изложба на стари фотографии на Петар Ставрев од Битола, а потоа ќе биде одржана промоција на наградените книги „Куќички“ на Марина Мијаковска – добитник на наградата „Крсте Чачански“, и „Прашалник“ на Христо Петрески – добитнбик на наградата „Јован Котески“, по конкурсот што по четврти пат беше распишан од здружението „Бран“ и списанието„Бранувања“.
Во 16: 30 часот, во Спомен домот на „Миладиновци“ ќе биде одржан Симпозиум“ – „Книжевна пловидба“ на тема: „Придонесот на струшко-охридските писатели во развојот на македонската драмска литература“; Војдан Чернодрински, Ристо Крле, Иван Точко, Радослав Петкоски и Живко Чинго, а за нивното творештво ќе говорат; Христо Петрески, Марина Мијаковска, Тоде Илиевски, Мишо Китаноски и Борче Панов. Потоа во 17: 30 часот во домот на Миладиновци, средбите ќе продолжат со промоција на книгата „Под кожа“ на српската поетеса Даниела Божичковиќ-Радуловиќ. За книгата ќе говори Елена Георгиевска Костадиновиќ.
Во 20:3о часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата раскази „Нова приказна“ од Мерсиха Исмајлоска. Промотори се м-р Александра Јуруковска и Петко Шипинкаровски.
На 05. 07 (сабота) во 11: 00 ч., во дворот на црквата св. Ѓорѓија во Струга ќе биде одржан Поетски митинг со настап на учесниците. На митингот ќе биде доделена наградата „Книжевни бранови“ за најдобро прочитана песна на поети од Македонија и странство, а ќе биде доделена и наградата „Книжевна далга“. Добитник на овогодишната награда „Книжевна далга“ е српскиот автор Миљурко Вукадиновиќ. За творештвото на Вукадиновиќ ќе говори м-р Мерсиха Исмајлоска добитник на наградата „Книжевна далга“ во 2013 година.
Учесници на годинашната меѓународна манифестација „Струшпки книжевни средби“- 2014 се: Миљурко Вукадиновиќ, Снежана Дабиќ, Лидија Кочи и Даниела Божичковиќ Радуловиќ (Србија), Арјан Калчо и Фоти Никола (Албанија), Катја Ерменкова и Иван Топалски (Бугарија) Петко Шипинкаровски, Христо Петрески, Мерсиха Исмајлоска, Ресул Шабани, Милица Димитријовска – Радевска, Борче Панов, Витомир Долински, Александра Јуруковска, Мишо Китаноски, Марина Мијаковска, Јован Негриески, Десанка Николова, Тоде Илиевски, Мирјана Стојановска – Палигора, Анастас Ќушкоски, Делвина Керлику, Зоран Јакимоски, Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, Весна Мундишевска – Велјановска, Наташа Зузаровска, Елизабета Јончиќ, Билјана Т. Димко и други.
Инаку, организатори на манифестацијата „Струшки книжевни средби“-2014 се, Здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга