Галерија 8 слави три години

Денеска (вторник, 1-ви јули) „Галерија 8“ слави 3 години. Роденденот ќе биде одбележан со изложбата на фотографии „People“ на реномираниот фотограф Роберт Атанасовски.

Galerija 8

Роберт Атанасовски е дописник во France Press, фоторепортер и уредник на фотографија воДневник, Нова, Македонија, Време, сега е во mkd.mk… зад себе има многу награди за фотографија, а неговите фотографии се споделуваат нa светски медиуми како Washington Post, LA Times, Чикаго Трибјун.

Покрај она што го раскажува фотографскиот објектив на Атанасовски, вечер во галерија 8 ќе биде присутен и светски популарниот академски сликар од Босна, Адим Хебиб. Тој оваа година заокоружува 35 години ликовна работа.Неговите дела ги има насекаде низ светот – Ватикан, Германскиот президиум, Истанбул, Сараево, Бретен, Загреб, Гетебург, Инсбрук, Осло, но и во домовите на низа познати јавни личности и државници од целиотсвет.

По повод роденденот од Галерија 8 сумираат: „Koга ќе ѕирнеме назад, статистиката вели дека во изминативе тригодини, овде биле поставени изложби на над 100 автори, имало куп фантастични свирки, насмеани ликови, ептен квалитетна дружба и енергија и луѓе кои уживаат од првата до последната секунда на нашето омилено парче калдрма.“

You May Also Like