Филмот „Човекот со чудна навика….“ освои Сребрен Џед во Египет

Краткометражниот игран филм со целосен наслов “Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава” на режисерот Вардан Тозија е добитник на Сребрен Џед во официјална конкуренција на интернационалниот филмскиот фестивал во Луксор, Египет.

Наградата “Сребрен Џед” (џед – антички египетски хиероглифски симбол) во категоријата краток филм на фестивалот овој пат тричленото жири се одлучи да ја додели за прв пат кај македонски автор.
Џедот е стар Осириски божји симбол кој ја означува сржта на препородот, новиот почеток.

 
Оваа награда е всушност нов почеток на фестивалскиот живот кој следи за филмот “Човекот со чудна навика да ме удира со чадор…”
Филмот е финансиски потпомогнат од страна на Филмскиот Фонд на Република Македонија.  Сценариото е инспирирано од краткиот расказ на аргентнскиот писател Фернандо Сорентино. Оваа фелиниевска комедија, распослана низ сивилото на правливите сокаци и напукнатите згради на Скопје, ја раскажува приказната за Петар, локален маргиналец и дежурен губитник, чиј секој нареден ден е полош од претходниот – главно поради неговата инертност, повлеченост и неспособност да се справи со сопственото секојдневие. Се’ додека, еден ден… мистериозен, безимен, молчелив посетител не се појави од никаде и комплетно го менува животот на Петар…

You May Also Like