ИТИ го одбележува Светскиот ден на театарот

Македонскиот Центар на Интернационалниот театарски институт, по повод Светскиот ден на театарот 27 март, ја претставува македонската порака напишана од реномираната и почитувана македонска актерка и професорка Мими Таневска од ФДУ.

Во пораката на Таневска стои: „Театарот треба да биде доследен на својата цел: да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите…“

Нобеловецот Дарио Фо ја напиша светската порака за 27 Март, 2013, а во соработка со ИТИ Париз, Унеско, Македонскиот Центар на ИТИ, направи видео со актерката Ирена Ристиќ, во режија на Ана Јакимска.

По повод 27 Март ИТИ во среда организира и панел дискусија по повод светскиот ден на театарот „Каков театар посакувам“?, како и работилница за изведбени уметности, под менторство на Д-р Наум Пановски  „ Creating and Making Theatre on Intersections“.

You May Also Like