Филмот „Шарканадо“ добива продолжение

Филмот „Шаркандо“ каде ајкулите паѓаат врз Лос Анџелес, а потоа напаѓаат и јадат луѓе во лет, добива продолжение.

sharkando

Главните актери во филмот кој стана хит, не во кината, туку на социјалните мрежи како најглупав филм на сите времиња , Јан Зиринг и Тара Рид, веќе потпишаа договори за снимање на вториот дел од „Шарканадо“.

Продолжението на филмот е сместено во Њујорк, „логично“ затоа што Источниот брег го зафати екстремно невреме, а и минатата година го погоди ураган, а ајкулите овој пат не би требало да паѓаат од небото, туку едноставно ќе допливаат до Менхтетен. Снимањето би требало да почне во втората половина од годината.

You May Also Like