Нов број на списанието „Бранувања“

Ревијата за литература, култура и наука „Бранувања“ од Струга во најновиот број, со кој одбележува пет години постоење, го претставува Ко Ун, годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

book_at_sky (copy)

Меѓу другото, новиот број на „Бранувања“ донесува и интервју на Јасна Котеска, текст посветен на 110-годишнината од раѓањето и 20 години од смртта на струшкиот уметник Вангел Коџоман, „Подвигот на струшките браќа Миладиновци“ од Васил Тоциновски (осврт кон книгата „Вечните Миладиновци“ од Благоја Јовановски), осврт за Вевчанскиот карневал 2014 од Мишо Китаноски…, како и раскази и поезија од македонски и од странски автори.

По повод пет години од излегувањето на првиот број на „Бранувања“, објавен е и воведен пригоден текст „Страници исполнети со творештво“ од главниот и одговорен уредник на ревијата, Петко Шипинкаровски.

You May Also Like