Ревија на европски филмови во Битола

Во Националната установа Центар за култура-Битола во сопственото 3-Д киното, во тек е ревија на европски филмови кои биле наградувани или учествувале во официјална конкуренција на фестивалите во Кан, Венеција, Берлин, Торонто, Токио или Њујорк.

plakat_revija_evropski_filomovi_bitola

На годинашната ревија на европски филмови ќе бидат емитувани филмови од Норвешка, Шведска, Австрија, Франција, Швајцарија и Германија.

Ревијата на европски филмови почна со норвешкиот филм „По ред на исчезнување“ во режија на Ханс Петер Моланд, а ќе заврши на 10 октомври со филмот „Облаците на Силс Марија“ во кој настапува Жулиет Бинош, светски познатата актерка која неодамна престојуваше во Битола на ИФФК „Браќа Манаки“

You May Also Like