Од 18 -24 септември, филмските сладокусци во Синеплекс ќе можат да уживаат во вкупно 14 филмски наслови, наградени филмови од светските филмски фестивали.
За прв пат во Македонија, филмската ревија на рецентната европска и светска кинематографија на македонската публика ќе и донесе избор на најинтересни филмови од најзначајните светски филмски фестивали! Оваа година, Филмоманија истовремено ќе биде прикажана во уште неколку градови во регионот, каде што е присутно киното Cineplexx: Љубљана, Загреб, Белград и Подгорица.
Во текот на овие седум дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во филмските остварувања кои своите премиери ги имале на познатите филмски фестивали во Токио, Њујорк, Лондон, Венеција, Берлин и Кан.
Меѓу потврдени имиња на филмови кои што ќе бидат прикажани се:
„Кога ќе се спушти ноќ над Букурешт“, филм на еден од најзначајните романски режисери Корнелиу Порумбиу, прикажан во официјална конкуренција на филмските фестивали во Њујорк, Локарно и Торонто.
Филмоманија оваа година ја носи прочуената драма „Облаците над Силс Марија“ во која главните улоги ги толкуваат добитничката на наградата Оскар, Жулиет Бинош и ѕвездата од Сага на самракот, Кристен Стјуард.
„Ние сме најдоброто“, филм на угледниот шведски режисер Лукас Модисон, награден со Гранд При на Токискиот филмски фестивал, како и „Том на фарма“ на канадскиот режисер Ксавиер Долан, добитник на Награда за критика (FIPRESCI) на филмскиот фестивал во Венеција.