Денеска сабота (13 септември) е денот посветен на детската песна и по тој повод во Крушево специјално за најмладите пееја „Златните славејчиња“.
Највисокиот град на Балканот – Крушево, е едно од најомилените места за посета од страна на најмладите.
Децата го сакаат Крушево заради чистиот воздух, прекрасната природа, слободата која ја имаат за безгрижно играње по крушевските улици…..
Мини-концертот на Златните славејчиња е дел од програмата на манифестацијата „Крушево град на културата за 2014“