Младински арт фестивал „Битола отворен град“ на Битфест

Во рамките на Битолско културно лето Битфест, во денес (среда, 22 август) започнува Интернационалниот младински арт фестивал Битола отворен град кој ќе трае до 25 август.


На програмата на фестивалот во чии рамки од 22-ви до 25-ти август на повеќе локации во градот се предвидени концерти на групи од земјата и странство, отворени улични журки, изложби, перформанси, работилници, како и традиционалниот голем музички хепенинг во соработка со Фреш Унион, овој пат со спектактакуларен концерт на големата панк-рок атракцијата “Хладно Пиво”.

“Хладно Пиво” ексклузивно и премиерно настапува во Битола на 25 август на Ракометното игралиште, заедно со Rambo Amadeus & Broken Beat Sextet од Црна Гора. Покрај нив ќе настапи и домашниот состав Фолтин.

Инаку, Младинскиот културен Центар Битола по повод 15 годишнината од своето постоење, овозможува што поширока публика да го проследи овој спектакуларен настан, така што влезниците во претпродажба имаат симболична цена од само 250 денари, додека на самиот концерт ќе се продаваат по цена од 350 денари.

Фестивалот Битола Отворен Град 2012 е поддржан од ONE и Градоначалникот на општина Битола во рамките на Битолско културно лето Битфест.

Дел од уметничката програма се инсталацијата на Klaus Pinter од Австрија, видео арт инсталацијата на Andreas Cuartas од Колумбија, како и уличниот аниматор Adoliere од Италија. Воедно, и годинава се одржува Младинскиот меѓународен волонтерски камп со учество на волонтери од десет земји.

—————————————————————-

Вљубениците во староградската музика вечерва ќе може да уживаат во промоцијата на 12 новокомпонирани староградски песни во рамките на Староградската вечер која ќе се одржи  во Дом на АРМ со почеток во 21:00 часот. Настанот е во организација на студио Микс, а учествуваат реномирани солисти и група од Битола.

Денес исто така, можност за уживање во уште еден културен настан, особено за оние кои го љубат пишаниот збор. Станува збор за поетскиот фестивал „Поетски синтези“ кој ќе се случува по четврти пат во организација на Здружение за наука и култура „НОВА“ од Битола, а ќе се одржи во културниот центар „Магаза“ со почеток во 20:00 часот.“ На фестивалот ќе учествуваат поети-членови на Друштото на писателите на Македонија.

You May Also Like