Фестивал Metal Discharge во Битола

Metal Discharge е метал фестивал кој се одржува еднаш годишно во Битола, Македонија и oваа година, на 18 август (сабота), на Ракометното игралиште ќе биде неговото второ издание. Стартот на фестивалот е во 20:00 часот.


На Metal Discharge ќе настапат Death/Thrash Metal легендите од Битола, кои настапуваат по пауза од 19 години. Потоа битолчаните Orion како и групите Hardfaced, Aeon Arcanum, Raven, Skullcrush, Deadshot и Melhior.

 

– ORION (Битола)

Пионерите на death метал музиката во македонскиот музички спектрум доаѓаат од Битола и започнуваат со работа во 1989 година за да веќе набрзо во наредната година го снимат и своето прво демо Dreams of Reality кое ги поставува темелите од убиствена комбинација на death и thrash стил на овие простори. Бендот се состои од членовите: Перо Петровски – вокал и гитара, Горан Наумовски – гитара, Игор Ѓоргиевски – бас, Александар Секуловски – тапани. Подоцна прераснуваат во чистокрвен death метал бенд од највисок стандард кој рамноправно се носи со целата светска метал сцена. Тоа и го потврдуваат во 1991 год. со снимањето на второто демо “Banishing Souls” кое буквалнио го распродаваат на сопствените концерти и им отвора директен пат за учество на Македонскиот Рок Фест каде освојуваат второ место и ја добиваат можноста да направат професионална снимка на својата нумера Обединети во омраза во тогашното студио на МРТ – М2.

Самата песна влегува во аналите на Антологија на македонската рок музика потпишана од еминентни познавачи на музичката сцена во нашата држава. Иако со веќе постигнати врвни признанија и покрај екстремниот музички стил кој го работат нивниот глад за експериментирање со масивниот метал звук не запира тука. Напротив со уште поголема мотивираност почнуваат да работат на нов материјал кој веќе и идеолошки отскокнува од останатите бендови и го крунисуваат со снимање на мини албумот “Execration behind the walls” кој своевремено претставува и кулминација на нивната креативност и почнува да циркулира низ пошироките балкански простори втемелувајќи го името Orion во историјата како основоположници на екстремниот метал стил на ова тло. По овој период проследен со многу концертни активности уште еднаш учестуваат на Македонски Рок Фест каде го освојуваат првото место. Денес бендот прославува еден огромен јубилеј од над 20 години од своето постоење, несомнено период кој постави цврсти темели, почит и креативна инспирација на голем број музичари кои одлучиле да се изразат на ист начин како и Orion на македонската музичка сцена. Metal Discharge Ви овозможува една ретка можност да се ѕирне и доживее барем дел од класичната old-school метал атмосфера која владеела во нашата држава.

– HARDFACED (Охрид)

Hardfaced е формиран почеток на 2004 во Охрид, Македонија. Шест другари под влијанија на различни музички стилови како хардкор, метал, панк и хип хоп создадоа оригинален и препознатлив хардкор/метал звук. Во 2007-та со следнава постава: Диме – вокал, Климо – вокал, Горан – гитара, Јован – гитара, Игор – бас и Бојан – тапани, го снимаат и сами го издаваат првиот деби албум со наслов “More than hate”. Албумот добива одлични критики на Македонската и Балканската андерграунд сцена и е комплетно распродаден. Истата година е реиздаден и во Бугарија преку “Years of Pain records”. Следат неколку настапи по Бугарија и Србија, а песната “Hope” се појавува и на Балканска хардкор компилација издадена во Белград. Албумот е промовиран низ цела Македонија. Во 2008-та точно пред да влезат во студио да го снимат вториот албум, Бојан го напушта бендот. На негово место доаѓа Јордан кој внесува нова свежина, цврстина и стабилност во бендот. Конечно во 2009-та повторно влегуваат во “Krecho Sound Studio” и го снимаат вториот долго свиречки албум со наслов “Show them what they fear” кој е издаден Јануари 2011. Следат промоции низ цела Македонија а најголемата промоција беше летоto 2011 на Exit фестивалот во Нови Сад, Србија каде Hardfaced настапи пред големите Parkway Drive. Потоа следуваа две мини Балкански турнеи и неколку домашни настапи со неколку одлични бендови мечи кои и Born From Pain. Hardfaced моментално во Охрид го подготвува третиот албум кој е најавен за 2013 година и својата прва поголема турнеја.

– AEON ARCANUM (Кочани)

Aeon Arcanum е Метал бенд формиран крајот на 2003та година во Кочани од страна на Александар Иванов. Бендот рано започнува со снимање демо снимки и настапи во живо. Првата демо снимка бендот ја објавува летото 2004та под наслов Nightshadow. По извесен период бендот почнува со снимање на првото официјално демо Nightmares Reborn кое ке биде објавено зимата 2005та година, по што бендот бендот ги бележи првите концертни настапи надвор од родниот град. 2006та го издаваат Nightmares Rebprn 2: Entwined to maliciousness со прилично изменет состав, кој ке функционира во наредните 3 години. Во тој период бендот ке биде концертно активен низ целата држава, истовремено со полна пареа работат на материјал за нивниот деби албум кој почнува да се снима пролетта 2008ма година. Од овој период па се до издавањето на Monuments бендот стагнира со настапи но напорно работи во студио барајки звук. Eсента 2011 Monuments конечно е издаден и набрзо собира многу позитивни критики од страна на публиката и е рецензиран во повеќе земји. Коцертно албумот беше промовиран најпрвин во Битола а подоцна во Куманово, Скопје и во Софија. Бендот моментално прави обиди за Балканска турнеја и работи на материјал за нареден албум.

– RAVEN (Кичево)

Raven е македонски метал бенд формиран во 2007. Бендот изведува прогресивен стил на thrash-death метал, под влијание на бендови како Testament, Exodus и др. Raven настапи на „Nectar Demo Fest ’08” кој се одржа на  19-27 јули, во Бања Лука, РС, Босна и Херцеговина. Освојуваат второ место во конкуренција на 36 натпреварувачи. После многу свирки и концерти, и неколку демо снимки тие работат на нивниот прв албум.

– SKULLCRUSH (Битола)

Skullcrush е Thrash Metal група формирана во Битола, есента 2004. Формирана од двата гитаристи – Зоран Наумов и Кире Стојановски, како и басистот Јове Котевски, а подоцна им се приклучил и тапанарот Никола Димитровски. Со оваа постава групата одржала четири свирки, по што кон групата се приклучил петтиот член Дејан Милошески – Шизик, со што тој ја презел позицијата на вокал која дотогаш ја имал ги таристот Кире. Групата има најмногу влијанија од музиката на MetallicA, Slayer, Destruction, Kreator и сл.

Првата свирка им била заедно со Hall of Sins и Lanfer во Битола, есента 2005. Групата има настапувано многу пати во рани градови и на неколку фестивалти во Македонија (Аларм, Дојди веслај, Мораториум и други).Во Август 2009-та, после неколку неофицијални демо снимки  SKULLCRUSH го издава својот прв (DIY) self-titled албум.SKULLCRUSH им свирено заедно со неколку познати странски бендови како што се Bloody Sign (Франција), Agonize (Босна), Infest, MAD GOYA, Ashen Epitaph and Disdained (Serbia). Моментално бендот работи на материјал спремен за втор албум.

– DEADSHOT (Битола)

Deadshot е битолски бенд основан јануари 2009 година. Стилот на бендот е мелодичен треш/хардкор. Досега бендот има настапувано на повеќе метал фестивали низ републиката и надвор од кои позначајни се: Metal Discharge, Dojdi Veslaj 5, Rockfest, Jelen Demofest 5 итн. Бендот заврши со снимање на првиот албум кој треба да биде издаден до крајот на оваа година. Моменталната постава на бендот е: Михаил Сервини (вокал), Виктор Божиновски (гитара), Оливер Анастасовски (гитара), Марко Трајчески (бас), Васко Балески (клавијатура), Оливер Стојкоски (тапани).

– MELHIOR (Битола)

Бенд кој постои 4 месеци и сака да експериментира со тешкиот звук, авторски бенд кој од чиста шала направи нешто уникатно, симпатично, како да слушаш моторни пили со мајчинско пеење. Melhior не се ограничуваат со стил на музика, тоа не е важно, важно е што сакаш да изразиш со музиката која ја твориш.

 

извор: plagij.at

 

You May Also Like