Блокбастерот „Expendables 2“ во кино Милениум

Од петок (17 август,2012 година) на репертоарот на киното Милениум ќе се најде светскиот филмски хит „Платеници 2“.

Во второто прододолжение на филмот, Платениците се реобединуваат. Барни Рос (Силвестер Сталоне), Ли Кристмас (Џејсон Статам), јин јанг (Џет Ли), Гунар Џејсен (Долф Лундген), Тол Роад (Ренди Коутур ) и Хејл Кајсар (Тери Кревс) со најновите членови Билли Кид (Лиам Хемсворт) и Меги (Ју Нан) повторно се соединуваат кога Господин Чурч (Брус Вилис) ги ангажира платениците да превземат навидум лесна работа. Задачата изгледа како „лесни пари“ за Барн и неговата банда-платеници од старата школа.  Но кога работите ќе тргнат во погрешна насока, кога еден припадник од бандата ќе биде брутално убиен.

Платниците се осудени да бараат одмазда на непријателска територија каде околностите се против нив. Поткрепени од одмаздничка сила, екипата создава патишта на деструкција кон противничките сили, правејќи пустош, и соочувајќи се со неочекувана закана во последен миг. 6 тони оружје-плутониум, кое е доволно за да ја промени рамнотежната моќ во светот. Но за нив, тоа не е доволна препрека, бранејќи ја правдата против злобниот противник на кој се должни да му се одмаздат.

Филмот “Платеници 2” ќе игра на редовен репертоар на кино Милениум, со проекции од 20:00 и 22:30 часот.

Второто продолжение на „Платениците“ стартува на денот на неговата американска премиера.

Комплетен репертоар на кино Милениум во периодот од петок(17.08) до четврток(23.08):

ПЕТОК(17.08):
12:00 – „ТИЛТ“
14:00 – „ЧОВЕК ПАЈАК“ 3Д
17:00 – „БЕТМЕН – Издигнувањето на темниот витез “
20:00 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“
22:30 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“

САБОТА(18.08) И НЕДЕЛА(19.08):
12:00 – „ЛЕДЕНО ДОБА – 4“ 3Д
14:00 – „ЧОВЕК ПАЈАК“ 3Д
17:00 – „БЕТМЕН – Издигнувањето на темниот витез“
20:00 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“
22:30 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“

ПОНЕДЕЛНИК(20.08) – ЧЕТВРТОК(23.08):
12:00 – „ТИЛТ“
14:00 – „ЧОВЕК ПАЈАК“ 3Д
17:00 – „БЕТМЕН – Издигнувањето на темниот витез “
20:00 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“
22:30 – „ПЛАТЕНИЦИ – 2“

You May Also Like