Александар Кирковски и Петар Ивановски, членовите на планинарскиот клуб „МАКЕДОН“, на 31 јули годинава, го поставија знамето на општина Центар на Мон Блан, највисокиот врв на Алпите.
Подвигот на овие двајца млади планинари беше финансиски поддржан од Општина Центар, со што Општината уште еднаш ја потврди заложбата за развој на спортот и помагање на нашите спортисти на патот кон поголеми достигнувања и нови успеси.