Студенти од ФЛУ на изложба во Солун

Третата по ред меѓународна студентска изложба од земјите на Југоисточна Европа под наслов „Трансформ“ ќе биде отворена на 3 септември. Организиратор е Универзитетот Аристотел од Солун, а на изложбата ќе учествуваат и 10 студенти од Факултетот за ликовни уметности од Скопје.

Темата на годинешнава изложба, која ќе се отвори на 3 септември носи наслов „Пандорина кутија“.

Покрај учесниците од сите факултети/академии за ликовни уметности, на изложбата ќе учествуваат и седум студенти од IV година и тојца постдипломци од Факултетот за ликовни уметности од Скопје.

Тројцата постдипломци ќе учествуваат на работилницата која ќе се оддржи од 3 до 12 септември. Делата на додипломците ќе бидат изложени во галериските простори на Фондацијата за уметност Teloglion при Универзитетот Аристотел, додека делата од работилницита на 12. септември  ќе бидат изложени   во Музејот на современа уметност  Lazaristes.

На отварањето на изложбата покрај студентите ќе  присуствуваат продеканот на ФЛУ проф. Гоце Наневски и проф. Антони Мазневски.

You May Also Like