По повод големиот христијански празник Богородица, на 27 август во Тетово ќе се одржи второто издание на фестивалот „Амнезија”.
На „Амнезија“ ќе настапи тетовската група High control, како и суперпопуларните „Суперхикс“. Околу два часот по полноќ на сцената со свој сет ќе се претстави скопскиот диџеј Flooder од диџејското здружение Polux, а фестивалот ќе го затвори диџеј Branchez.
Фестивалот името го доби по култното собиралиште на Тетовчани, кафе-барот Амнезија, а се реализира во соработка со Горила продукција.