Ден на книгата – со еден збор тоа е ден на светската книжевност. Со тоа се промовира читањето, објавувањето и заштитата на интелектуалната сопственост по пат на авторските права.
Идејата потекнува од Каталонија, каде на 23 Април на денот на католичкиот празник Свети Јурја, традиционално се подарува ружа за секоја подарена книга, традиција која трае скоро 100 години.
Се смета дека токму оваа дата е избрана, затоа што на 23 Април како повод е земена и смртта на великаните на свестската книжевност Мигуел Де Сервантес и Вилијам Шекспир.
Овој податок се поврзува и со оној на одбележување на денот на книгата во Каталонија. Организацијата на Обединетите Нации во делот на наука, образование и култура, УНЕСКО, го одбележува Светскиот ден на книгата и авторските права со помош на бројни издавачи и книжарници, учители и стручњаци за комуникации.
УНЕСКО посакува секого, а особено помладите да ги поттикне за читање и промовира издаваштво, базирано на интелектуалната сопственост и заштита на авторските права.
Одлуката да се одбележува овој ден како светски ден на книгата и авторските права е донесена на општата конференција на УНЕСКО, одржана во Париз 1995 година.