Изминатите неколку години ликот на центарот на Скопје драстично се менува што поттикна многу дискусии и дебати. Многумина сметаат дека градот е разубавен, среден и пофункционален, иако има и сериозна критична маса на критизери кои тврдат дека Скопје го изгубило идентитетот и автентичниот изглед од пред неколку години.
Ова видео го најдовме на youtube, и според објектите, некои реклами и обележја, проценката е дека е од пред десетина години, на почетокот на новиот милениум.
Оставаме да го погледнете видеото и да споделите со останатите што е подобро, а што полошо од тогаш наваму.