Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Амбасадата на СР Германија го организираат Фестивалот на германскиот филм, кој по Скопје се сели во Охрид.
Свечено отворање на фестивалот е в сабота 18-ти октомври 2014 со филмот Родители“-трагикомедија. Почетокот е во 20:00 часот, а влезот е слободен.
Потоа на програмата следат:
(недела)19-ти октомври 2014, филмот „Фак ју Гете“-комедија
(понеделник) 20-ти октомври 2014 „Паркот на среќата“-драма
19-ти и 20-ти октомври 2014 „Рики“ детски филм, 11.00 часот
(вторник) 21-ви октомври 2014 документарецот „Германија од горе“
Почеток на кино проекциите е во 20.00 часот, ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН.