Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8-Безистен, Стара скопска чаршија ќе се отвори изложбата на академската уметница Марија Конеска.
Изложбата е насловена „Да се истрае“, а ќе биде отворена утре (среда, 15 октомври 2014) во 20:00 часот.
Марија Конеска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, Скопје (2003-2008), оддел графика во класата на Зоран Јакимовски. До сега има остварено една самостоја изложба и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. Моментално е постдпломец на истиот факултет, во сликарскиот оддел во класата на Антони Мазневски.