Културно Информативен Центар -Скопје, е организатор на промоцијата на поетската книга „Преплетен копнеж“ од Дијана Тоска. Промоцијата ќе се одржи денеска (4 јуни 2014 година,среда) во Салонот 19:19, почеток во 20:00 часот.
Дијана Тоска е родена на 04.06.1965, во Скопје. Основното и средното образование го завршува во Скопје, а високото образование во ДУТ, во Тетово каде се здобива со професионална титула професор по англиски јазик и книжевност. Постдипломските студии ги завршува на Универзитетот на Југоисточна Европа, на Факултетот за политички науки и јавна администрација, отсек Дипломатија, а во 2012 година, ја добива титулата магистер по дипломатија. Моментално работи како државен советник за промоција на извозот и маркетинг во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.
Стихозбирката „Преплетен копнеж“ е нејзина прва книга иако порано пишувала поезија за деца и возрасни. Јавноста ја препознава како авторка на текстови на песни за деца кои се промовирани на различни фестивали во Македонија и Косово. Авторка е на неколку колумни кои биле објавени во различни списанија и електронски портали. Живее и работи во Скопје.Наративна поезија во која се рефлектира љубовта кон животот и луѓето гледајќи ги како тие се справуваат со недостатокот на работите од суштинско значење, се со цел да се задржи духот жив. Преку овие стихови се изразува носталгијата и желбата за основните работи за човекот, како што се љубовта, меѓусебното почитување, колективниот мир, сите оние нешта кои ги прават луѓето да се чувствуваат среќни, а од друга во некои од стиховите се чуствува огорченоста за оние лоши навики кои се кријат кај луѓето, и тие се сигурно зависта, лошотијата, гревот и алчноста.
Книгата ќе ја промовираат Теута Демјаха и Линдита Рамуши Душку извадоци од книгата ќе чита, Теута Ајдини Јегени , а музичка изведба, Нита Груби,пијано.