Фестивалот на германскиот филм патува во Прилеп

Фестивалот ќе биде отворен со филмот ,, Родители,, – трагикомедија во која се обработува актуелното општествено прашање за споивоста на професијата и семејството.

 

foto germanski film plakat

Во четврток 16 октомври во 20.00 часот во Киното Мис Стон во Прилеп започнува  Фестивалот на новиот германски филм, кој Центарот за култура „марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија. Фестивалот ќе трае до 18 октомври.

Во петок и во сабота ќе бидат прикажани уште по два филма.
Петок – 18.00 часот е комедијата ,, Фак ју Гете,,, која  е најомилен германски филм за 2013 година, додека од 20.00 часот ќе биде прикажана драмата,, Паркот на среќата,,.
Во сабота од 18.00 часот е  детскиот филм,,Рики,, а од 20.00 часот  е филмот,, Германија од горе,, со што завршува годинашното издание на Фестивалот на новиот германски филм.
На отворањето ќе бидат присутни и претставници на Германската амбасада.
,,Фестивалот на новиот германски филм има свое место во срцата и во календарите на пријателите на киното во Прилеп и во Македонија. Филмовите што ги одбра Амбасадата се актуелни германски рподукции, кои го прикажуваат животот од сите негови многубројни аспекти,,  – вели д-р Кристине Алтхаузер, амабасадорка на Сојузна Р. Германија во Македонија.

You May Also Like