Јовица Тасевски Етернијан меѓу петте најчитани автори според „Бук Тајмс“

Македонскиот поет Јовица Тасевски – Етернијан е меѓу петте најчитани автори во текот на месец јули во американското книжевно списание „Бук Тајмс“.

Претходно Ј. Т. Етернијан беше вклучен во листата на одбрани автори за кои во списанието беше обезбеден простор за ексклузивно претставување на нивните книги пред американските читатели.

Инаку, за песните на Ј. Т. Етернијан во краткиот приказ објавен во списанието се истакнува дека се „исполнети со инвентивни и импресивни поетски слики“ и дека неговата поезија „се одликува со сложен стил, високо конотативен поетски израз и интелектуална и духовна длабочина“.

Јовица Тасевски – Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги. Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и препеана е на англиски, француски, руски, полски, романски, грчки, словенечки, хрватски, српски и бугарски јазик. Го има добиено признанието „Восхитувачки поет“ што се доделува за исклучителен придонес во современата поезија. Советник е за македонска поезија во меѓународниот проект „Други гласови“ – антологија на светската поезија, која е вклучена во референтната листа на УНЕСКО. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Британското поетско друштво и Светското поетско друштво

You May Also Like