Од 27 до 29 јуни во Лесковац, Србија се одржува традиционалната 16-та по ред Балканска смотра на млади стрип автори, најстара манифестација од сферата на 9-та уметност во Регионот …
Организатори на истата се Лесковачкиот културен центар и Училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“. Реномето на истата се потврдува со присуството на повеке или помалку афирмирани стрип автори од многу разни земји. Традиционално, доста масовно е присуството на македонската стрип сцена.
„Овој фестивал е посебно драг помеѓу нашите стрип автори. Впрочем, тоа беше еден од првите,ако не и прв којшто се отвори кон младата македонска сцена,овозможувајки им контакти со автори, промотери и скаути од разни земји. Резултат на таа соработка е и наградата за Марко Стојановиќ, стрип сценарист и организатор од Лесковац кој на последниот интернационален стрип салон во Велес доби специјално признание за помош во развојот на македонскиот стрип.
Масовното македонско учество на оваа Балканска смотра и годинава е евидентно, само Стрип центарот на Македонија за оваа година анимира околу 40 млади таленти од разни градови“ -истакнува Ване Трајков, директор на Македонскиот стрип центар, кој присуствува на истата смотра.