Денеска (сабота, 8 јуни) на плоштадот во Крива Паланка во 18:00 часот ќе биде отворен Фестивалот на традиционалната култура.
Фестивалот е во организација на Општина Крива Паланка и Регионалниот историски музеј „Академик Јордан Иванов“ од Ќустендил. Дел од програмските активности се закажани и за утре (недела, 9 јуни) во Манастирот Свети Јоаким Осоговски.
Фестивалот е дел од манифестацијата „Град на културата 2013“.