„Лет 555“ нов роман од Бобан Богатиновски

Романот “Лет 555” од авторот Бобан Богатиновски се состои од триесет и три поглавја и е прв официјален проект на новооснованото Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст“.

Бобан Богатиновски роден е 1971 г. во Куманово. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Македонски поет и раскажувач и член е на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на книгите поезија: Луцидни халуцинации (награда Студентски збор), Прекрасен ден за умирање, Светлината е посилна, Карпа за молитва и проза: Коцкар, Монотонија, Лет 555

You May Also Like