Град Скопје по четврти пат е покровител на Фестивалот на органска храна и здрав начин на живот, што годинава во организација на здружението за организирање настани „Подиум Скопјe’’ ќе се одржи денеска (31 мај 2014 година, сабота) во Хипериум бизнис центарот (МИ ДА Моторс) со почеток во 10.00 часот , а ќе трае до 16.00 часот.
Фестивалот има за цел да ја промовира органската здрава храна и здравите навики на живеење.
На фестивалот ќе се претстават македонски производители на органска и здрава храна, ставајќи акцент на унапредувањето на здравјето и создавaњето здрави навики на сегашните и на идните генерации.
Освен дегустација на органска и здрава храна, во рамките на Фестивалот ќе се организираат работилници за јога за деца и возрасни, работилници со познати нутриционисти околу здравиот начин на исхрана и воспоставување баланс помеѓу телото и умот, се со цел граѓаните и посетителите на градот Скопје да се запознаат со сите предности кои ги носи користењето на органската и здравата храна.
Во рамките на Фестивалот ќе се одржи и забава со богата музичка програма.