Претставите “Изгубени Германци“ на Дејан Дуковски,а е во режија на Петар Варбанов и “ММЕ кој прв почна”, во режија на Теодор Петелов премиерно ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продуцерс Клуб, кој се наоѓа близу срцето на гламурозниот Бродвеј .
Премиерата на „Изгубени Германци“ е на 21 март во 20:00 часот, а „ММЕ кој прв почна“ ќе биде изведена на 28 март во 22.00 часот, по што ќе се играат секој ден, во два термини.
Ова е прво изведување на престави напишани од македонскиот Чехов, како штомногумина го нарекуваат, најбрилијантниот македонски писател, драматургот Дејан Дуковски во Њујорк.
Овие две ремек дела, ги препозна театарската компанија TheWhitelisted , која како ловец на добри балкански претстави, веќе трета сезона им овозможува и американска премиера на врвни дела од балкански писатели. Оваа театарска компанија е составена од млади ентузијасти кои потекнуват од повеќе различни земји од Европа, претежно од Балканот. Но и учесници од САД се активни во проектот, поденкакво со европјаните кои имаат за цел да ја донесат и прикажат Балканската култура и уметност и во САД.
Преставите ќе бидат изведувани на англиски јазик, а тимот е составен од млади актери од САД и од Балканот. Овие две претстави, кои што во Македонија доживеја голем успех, а сега ги очекува и американски успех, се поддржани и со соодветна кампања