Граѓанската организација „Младите можат“ ќе започнат со реализација на проектот „Младински локални иницијативи“ подржан од Амбасадата на САД во Р. Македонија и Општина Гази Баба.
Целта на овој проект е јакнење на граѓанското општество преку неформално образование и промоција на младинското учество во локалните граѓански и политички процеси во 4 општини.
Организаторите најавуваат „Општина Гази Баба е првата општина во која ќе се спроведува проектот. Па затоа ги покануваме сите млади жители на општината, на возраст од 16-24 години, да аплицираат за учество во проектот.
Се што треба да на правите е да го пополните апликацискиот формулар и да го испратите наinfo@youthcan.org.mk до 3 јуни (23:59).Обуките ќе се одржуваат во Салата на Советот на општина Гази Баба. Дополнително учесниците ќе бидат навремено информирани доколку има евентуални промени.
За дополнителни прашања и инфомации на gorjan.slavkovski@youthcan.org.mk или на 072/237-070“.
Проектот ќе се одвива во 3 модули:
Модул 1 – Обука: Работа во заедницата и идентификување на локални проблеми (7-8 јуни)
Модул 2 – Обука: Проектно планирање, тимска работа и лидерство (14-15 јуни)
Модул 3 – Имплементирање на локална иницијатива (15 јуни – 15 јули)