(Ре)основан „Вардар филм – Македонија“

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска соопшти дека ќе биде формирана нова национална установа за промоција на македонскиот филм – „Вардар филм – Македонија“.


Станува збор за установа која ќе ги замени местото на „Вардар филм“, институција основана во 1947 која над четири децении беше единствен македонски филмски продуцент од каде што произлегоа значајни филмски остварувања.

Основна дејност на оваа нова установа ќе биде промовирање на македонските филмови во странство, давање логистичка поддршка на странските филмски продуценти преку нудење соодветни локации за снимање филмови во Република Македонија, како и давање услуги за сите релевантни податоци и контакти што се во функција на реализирањето на странската продукција во Република Македонија.

Новата установа ќе посредува и за дистрибуција на македонски филмови во странство, ќе организира манифестации и форуми за афирмација  на филмската култура, ќе има надлежност за собирање, грижа и управување со фундусот на костими, реквизити и сценографија од продуцираните филмови.

You May Also Like