Годишните конкурси за финансирање проекти во културата во септември

Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година ќе се објават во септември …

ministerstvo-za-kultura

Годишните конкурси ќе бидат објавени во јавните гласила, како и на веб-страницата на Министерството за култура. Министерството информира дека во согласност со измените и дополнувањата на Законот за културата објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/14, годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година, по одделни области и за одделни активности од културата, наместо во мај, како што беше досега, ќе се објават во септември годинава.

Во конкурсите ќе бидат содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат процена на пристигнатите проекти.

Годишните конкурси ќе бидат објавени во јавните гласила, како и на веб-страницата на Министерството за култура, и ќе траат најмалку 30 дена од денот на објавувањето.

You May Also Like