В среда (23 април) во Кинотеката на Македонија, со две проекции од 20:00 и 22:00 часот ќе биде прикажан филмот „Јас не сум тука за да бидам сакан“.
„Јас не сум тука да бидам сакан“ е филм на стефан Бризе од 2005 со Патрик шене, Ан Консињи и Жорж Вилсон во главните улоги. Филмот се прикажува во рамките на Францускиот кино клуб што Кинотеката го организира во соработка со Францускиот институт во Скопје.