Фестивал на детски и младински хорови на Македонија од денес во Кавадарци …
Во Кавадарци денеска започна 26-тото издание на Фестивал на детски и младински хорови од цела Македонија.
– Во својот развој и растеж главната нишка и идеја на фестивалот остана иста. Вљубениците во хорското пеење од македонските градови да имаат свој фестивал на кој ќе се натпреваруваат и ќе покажат пред јавноста што работеле и што умеат да направат негувајќи го повеќегласното хорско пеење во чест на најсовршениот и најубавиот музички инструмент а тоа е човековиот глас, рече во своето обраќање пред присутните Илија Тренчев, претседател на организацискиот одбор на фестивалот.
Фестивалот е во организација на општина Кавадарци со поддршка на Министерствата за образование и за култура и Бирото за развој на образованието. На Фестивалот учествуваат хористи од основните и средните училишта.