Нашиот бас оперски пејач Александар Стефаноски во престижниот „Театро Лирико Каљари“ во Каљари, Италија.
Во сабота на 31 мај Александар Стефаноски ќе настапи и дебитира во главната басовска улога Сарастро од операта „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт, напишана по либрето на Емануел Шиканедер. Режисер на претставата е познатиот италијански режисер Роберто Андо, а диригент е Кристофер Франклин од САД.
За Стефановски ова е прва изведба на Моцартова опера која што ќе биде изведена на оригинален германски јазик.
Во периодот кој следи Александар Стефаноски го очекуваат настапи во Франкфурт, Марибор и Каљари со оперите „Аида”, „Волшебната флејта” и операта „Чизмичките” од Чајковски.

