Матурантите и учениците од СУГС Гимназија “Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје организираат хуманитарен настан со цел да се помогне на загрозените во поплавите во регионот.
На 2 јуни, со почеток во 20:00 часот, на сцената во МОБ тие ќе ја одиграат претставата „Чевел“, во која глумат матуранти и ученици од оваа скопска гимназија, а парите ќе бидат донирани во гимназијата во Обреновац, каде некогаш учела познатата писателка Десанка Максимовиќ.